Големиот грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ има лош почеток на оваа календарска година и останува неизвесно дали ќе може да ја брани титулата на Австралија Опен.
Тој допатува во Мелбурн, но веќе на аеродромот се појавија проблеми, граничната контрола му забрани влез во државата, потоа го изолираше и во еден момент го оставила без личните предмети вклучувајќи го телефонот.
Сега Ѓоковиќ е во карантински хотел до одлуката по жалбата за влез во Австралија, а додека се чекаат нови информации семејството на Србинот е во фокусот, говори за неправдата, организира и одредени протести во Белград.
Пред да се излезе на улица семејството Ѓоковиќ одржа прес конференција на која братот на Ноле, Ѓорѓе откри каква порака добил од првиот светски рекет во тешките моменти, кога го имал телефонот при раце.
-Бог гледа сè, моралната етика како најголеми идеали се издигнувањето на духовното. Мојата благодат е духовна, а нивната материјална, -напишал 20-кратниот грен слем шампион кој во понеделник ќе ја дознае конечната одлука на властите во Австралија.