реклама
Група европски регулатори објави анализа на можните здравствени ризици на iPhone 12 на Apple по француската суспензија на продажбата поради прекумерно ниво на радијација.
Францускиот мрежен регулатор ANFR го извести Apple дека ја забрани продажбата на iPhone 12 откако тестовите покажаа дека неговата стапка на апсорпција на радијација (SAR) е малку над законскиот плафон. Тие додаваат дека резултатите ќе ги проследат до регулаторите во другите земји од ЕУ.
реклама
За да се реши проблемот, доволно е да се ажурира софтверот, изјави францускиот државен секретар за дигитална економија Жан-Ноел Баро во интервју за Le Parisien, објавено во вторник, истакнувајќи дека Apple има рок од две недели.
Холандскиот регулатор во средата објави дека го истражува проблемот со можното прекумерно зрачење на iPhone 12. Тие нагласија дека зрачењето „не претставува безбедносен проблем кој треба итно да се реши, но имаат намера да побараат објаснување од американската компанија .
реклама
Германскиот регулатор нагласи дека случајот на Франција може да послужи како модел за цела Европа, додавајќи дека ќе го испита проблемот за домашниот пазар доколку францускиот случај „доволно напредува“.
Белгискиот државен секретар за дигитализација во четвртокот изјави дека ќе ги анализира можните здравствени ризици поврзани со мобилниот телефон на Apple.
реклама
„Моја должност е да се осигурам дека граѓаните се безбедни“, рече државниот секретар за дигитализација, Матје Мишел во изјавата испратена до Ројтерс во четвртокот.
„Брзо контактирав со IBPT-BIPT (регулаторот) и побарав анализа за потенцијалната опасност од производот“, рече Мишел, додавајќи дека наредил да се тестираат сите мобилни телефони на Apple. Тестовите треба да вклучуваат и уреди од други производители, но во подоцнежна фаза.
Италијанското Министерство за индустрија најави дека ја следи ситуацијата, но во овој момент нема намера да преземе никакви мерки.
Apple во средата ја отфрли француската одлука за забрана на продажбата, нагласувајќи дека iPhone 12, лансиран во 2020 година, е сертифициран од повеќе меѓународни тела.
Мобилните телефони зрачат бидејќи користат радиофреквентни бранови кои создаваат електромагнетно поле, кое не предизвикува промени во човечките клетки, за разлика од радиоактивните трагачи, објаснува Ројтерс.
реклама