Килиан Мбапе беше еден од хероите на Франција, кој беше најзаслужен за трофејот во Лигата на нации.
Неговиот гол против Шпанија во финалето беше доста контроверзен, па потоа мораше да се објаснува зошто тој гол е сепак регуларен.
Но сега европската куќа на фудбалот сака да го промени офсајд правилото. Оваа ситуација ја прокоментира Роберто Росети, директор на УЕФА задолжен за арбитража.
„Одлуката на Тејлор е на место и во склад со постоечките правила и нивната официјална интерпретација. Играчот сакаше да интервенира, а противникот не се мешаше во игра“, објаснува Росети.
Тој сакаше до крај да ја одбрани одлуката на англискиот судија, а најави и промени:
„По оваа ситуација, во УЕФА размислуваме за промена на правилото во врска со офсајдите, со цел да биде повеќе во духот на играта“, се надоврза Росети.