Германската влада постигна договор за нови поедноставени регулативи за обезбедување азил на руските граѓани кои се прогонувани во нивната татковина.

Advertisements

„Сè побруталната агресија на Русија против Украина е придружена со сè побрутална внатрешна репресија, која е особено насочена против претставниците на медиумите, опозицијата и групите за човекови права“, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер.

Затоа Германија мора, посочи таа, да им пружи помош на руските граѓани.

„ Пред се ќе им дадеме можност на новинарите слободно и независно да известуваат од Германија“, рече германската министерка.

Таа најави „забрзано и небирократско“ решавање на дозволите за престој за загрозените.

Истовремено, нагласи таа, барателите на политичка заштита ќе бидат подложени на темелна проверка од безбедносните служби. Визи за ранливите новинари и нивните семејства ќе се договорат меѓу МВР, Државниот секретаријат за култура и Министерството за надворешни работи. Досега се издадени 16 визи за новинари и нивните семејства. /Макфакс

Прикажи повеќе