Службата за заштита и спасување на Котор интервенираше синоќа поради млад Полјак кој се изгубил на 20 метри од главниот пат.
„Во 19:10 часот, Службата за заштита и спасување беше известена од оперативно-комуникацискиот центар 112 дека едно лице, странски државјанин, бара помош, или дека е изгубено во подножјето на планината Врмац.
Локацијата што ја добивме ја сметавме за грешка, бидејќи стануваше збор за позиција на 20 метри од главниот пат. Да, добро прочитавте. Лицето беше изгубено на 20 метри од главниот пат. Со користење на дрон со термичко снимање и двајца пожарникари, лицето беше „спасено“. Овој пат, не беше потребен хеликоптер.
Што мислите, дали толерирањето на ова однесување на странците сè уште е оправдано? Мислиме дека одамна не е. А стануваше збор за младо машко лице (20 години) од полска националност“, рекоа пожарникарите од Котор.
фото: фејсбук
Текстот Полјак се изгубил на 20 метри од автопат во Црна Гора: „Мислевме дека локацијата е грешка“ е превземен од МАКФАКС.