Bо просториите на Ракометната Федерација на Македонија се оддржа извлекување на полуфиналните двојки во Купот на Македонија. Трофејот во Купот го брани Вардар 1961. Во полуфиналето, црвено-црните, ќе се сретнат со хитот на сезоната, Алкалоид.
Екипата која ја предводи македонскиот селектор, Кирил Лазаров, пред два месеци го порази Вардар 1961 во Супер лигата. Втората полуфинална двојка ја формираа Еуурофарм Пелистер и Тинекc Пролет.
Во женска конкуренција во полуфиналето ќе играат ЖРК Ѓорче Петров-ЖРК Вардари и бранителот на трофејот ЖРК Металург против ЖРК Куманово. Домаќин на завршниот турнир во Купот на Македонија, од 11. до 13. мај ќе биде Охрид.