
Лидерите на полските опозициски проевропски партии, кои на изборите на 15 октомври освоија мнозинство во двата дома на парламентот, денеска најавија дека заедно ќе формираат влада и дека тие за премиер го предлагаат поранешниот претседател на Европскиот совет, лидерот на Граѓанската коалиција, Доналд Туск.
-Како лидери на опозицијата, ја потврдивме нашата подготвеност за соработка и создавање парламентарно мнозинство. Денешната декларација ќе го смири претседателот и ќе му ја олесни задачата. Подготвени сме да формираме влада, изјави денеска Туск.