
Омикрон варијантата на коронавирусот е на пат да зарази повеќе од половината Европејци, прогнозира Светската здравствена организација. Во Европа во првата седмица од годинава се потврдени повеќе од 7 милиони новозаразени. Со ова темпо се прогнозира дека повеќе од 50 отсто од популацијата во Европа ќе биде заразена со омикрон во следните шест до седум недели.