Направете вкусен и здрав ручек. Станува збор за поховани тиквички полнети со пилешко

Состојки:

четири тиквички

250 гр обарено пилешко бело месо

200 гр печурки

две лажици благ кечап

јајце

две лажици кисела павлака

маслиново масло

магдонос

сол, бибер

Подготовка:

Тиквичките измијте ги, исечете ги по должина и издлабете ги. Во секоја ставете пилешко исечкано на коцки, посолете и побиберете.

Прелијте со малку кечап, наредете ги печурките исечени на листови, па повторно посолете и посипете со магдонос. На крај малку попрскајте со маслиново масло.

Се пече на 200 степени додека не порумени. Извадете ги тиквичките од рерна, па прелијте ги со смесата од изматено јајце и павлаката. Вратете ја во рерна уште пет минути да се пече. Послужете со сезонска салата.

На здравје!