Денеска, Месечината е полна во Близнаци.

Ова е време за комуникација, забава и креативна енергија. Можно е да почувствувате проблеми со спиењето во текот на ноќта поради многуте можности кои надоаѓаат во вашиот живот овој период. Умот ќе биде поактивен од вообичаено и ќе се чувствувате како да ви е тешко да ги исклучите многуте мисли и емоции. Ова е транзит кој носи силна енергија.

Време е за експанзија, раст и нови хоризонти. Некои знаци ќе почувствуваат како конечно се исплати нивниот напорен труд, а други пак ќе посакаат желба која наскоро ќе се исполни.

Иако генерално ова е позитивна енергија, можно е да се чувствувате како да сте под стрес или премногу истоштени. Некои луѓе ќе чувствуваат анксиозност бидејќи нивните внатрешни стравови ќе излезат на површина.

Што им носи оваа полна Месечина на хороскопските знаци?

Овен

Овните ќе посакаат силно, а голем дел од нив ќе ја насочат својата желба кон враќање на нешто што било многу позитивно и со силен импакт на нивниот живот. Време е за убави зборови, но и јаснотија за родените во овој знак. Ако нешто досега ве збунувало или не сте биле сосема начисто каде сте, ова е транзит кој ви носи појаснување на работите. Ги чувствувате промените, но знаете дека тие се за подобро.

Бик

Полната Месечина во Близнаци ви носи моќ да ги осознаете своите чувства, но и да бидете ранливи во однос на искажувањето љубов кон вашите блиски. Вие сте знак кој се плаши од блискоста и ранливоста, но ова е транзит кој ви дава самодоверба за тоа. Зборувајте и делувајте отворено, без страв од последиците. Кажете го она што го мислите.

Близнаци

Ова е полна Месечина во вашиот знак која ви носи можност да блеснете. Ако сакате да искомуницирате нешто, но и да постигнете нешто, ова е време за тоа. Луѓето во вашиот круг ве забележуваат, вие сте во центарот на вниманието и уживате во тоа. Самодовербата е на највисоко ниво и ова е ваш викенд.

Рак

Конечно можете да кажете дека расчистувате со оние ситуации и луѓе кои ви донесоа болка и скршено срце. Полната Месечина во Близнаци го осветлува оној дел од вас кој ќе ве поттикне да го оставите минатото онаму кадешто припаѓа и да сфатите дека време е да се посветите на сегашноста.

Верувајте во себе и во она што е пред вас, време е за нови планови.

Лав

Ова е транзит кој ви носи желба за бегство и самотија во вашето сопствено царство. Сакате сигурен и безбеден простор во кој ќе можете да здивнете и да се оддалечите од другите барем малку, а полната Месечина ви носи можност за тоа. Уживајте во она што ве прави среќни.

Девица

Ѕвездите ви препорачуваат да размислите пред да зборувате за време на полната Месечина. Ова е транзит кој носи нагли одлуки за вас, па затоа избројте до десет пред да донесете нагла одлука. Бидете внимателни да не повредите некој кој ви е драг и избегнувајте ги озборувањата.

Вага

Полната Месечина носи позитивна енергија и надеж во вашиот живот, па дозволете си да уживате и тоа да го направите со најблиските. Шармантни сте, топли и инспиративни и ова е време кога треба да ја пренесете својата енергија кон другите.

Шкорпија

Немојте да бидете изненадени ако овој транзит ви донесе силна духовност и желба да бидете спиритуални. Комуникацијата ви е на одлично ниво, но сакате да се поврзете со луѓе со кои ќе водите длабоки, интелектуални разговори. Бидете бестрашни, погледнете длабоко во себе.

Стрелец

Оваа студена, темна сезона е ваша, драги Стрелци. Вие сте родени во зима и за време на студената месечина, па оваа полна Месечина ќе ви донесе чувство на слобода. Верувате во магијата, во моќта на позитивните мисли и така животот ве носи на патишта каде не сте ни мислеле дека можете да бидете. Ова е одличен транзит за вас, неочекуван магичен период.

Јарец

Вие често сте во ситуација да бидете медијатор или судија, бидејќи луѓето во вас бараат одговори. Полната Месечина во Близнаци ви носи чувство дека сте на вистинското место во вистинско време и тоа за вас значи дека сте во центарот на вниманието. Луѓето ве почитуваат и доаѓаат кај вас бидејќи ве ценат, ставете ја круната која ја заслужувате.

Водолија

Другите ќе посакаат да се дружат и да поминат време со своите блиски, но вие ќе посакате да потонете во својот сопствен свет. Ова е добро за вас, бидејќи е токму тоа што ви е потребно. Не се плашете од тоа да бидете сами, само сонувајте големи соништа. Ова е период на планови и желби, а тие се исполнуваат под влијание на полната Месечина.

Риби

Оваа Месечина носи силни емоции за вас. Ако се чувствувате тажни или меланхолични, тоа е поради овој транзит. Ослободете се од старите чувства, нешто што ве тежи и најдете ги вистинските зборови за она што ве држи во минатото. Следните недели носат баланс и убава енергија, но овој викенд е посветен на ослободување од тешките емоции.