Полицијата уапси осомничен по масовното пукање во кое загинаа шестмина на парадата на Денот на независноста на САД во богатото предградие Хајленд Парк надвор од Чикаго. По кратка бркотница со автомобил, Роберт Кримо (22) е приведен „без инциденти“, изјави на новинарите началникот на полицијата во Хајленд Парк, Лу Џогмен. Тој беше означен како „осомничен“ за пукањето, но по неговото апсење, полицијата рече дека верува дека тој и го извршил. Официјални лица соопштија дека околу дваесетина лица, вклучително и деца, се згрижени поради повреди од огнено оружје, а некои се во критична состојба.

Advertisements

Парадата започна во 10 часот, но ненадејно беше прекината 10 минути подоцна, откако беа слушнати истрели. Стотици луѓе – некои крвави – побегнаа од патеката на парадата, оставајќи зад себе расфрлани столчиња, колички за бебиња, играчки, велосипеди и ќебиња. Масовните престрелки редовно се случуваат во американските градови во последните години. Во напад на 24 мај загинаа 19 деца и двајца учители во основно училиште во градот Увалде во Тексас, 10 дена по пукањето во кое загинаа 10 лица во продавница за храна во Бафало, Њујорк.

Прикажи повеќе