Вчера во 22.10 часот над село Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од село Боговиње, село Лисец, село Раковец, село Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив, извести МВР.
Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано „Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.
Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.
Текстот Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во Тетовско, лицата биле пренесени во болница е превземен од МАКФАКС.