По зголемувањето на бројот на заразени со ковид-19, италијанските власти ги заострија пропишаните епидемиолошки мерки за такси-возилата, возовите и автобусите, па така полицијата може да запре и воз доколку постои сомневање дека некое лице е заразено со коронавирус.

Advertisements

Отсега во автомобилите смеат да седат само двајца патници, доколку не се од исто семејство, додека совозачкото седиште мора да биде празно, одлучија Министерството за инфраструктура и Министерството за здравство, пренесува Танјуг.

Полицијата доби овластување да запира патнички возови доколку постои сомневање дека во него се наоѓа заразено лице со ковид-19. Во тој случај, делот на возот во кој имало заразен мора да се дезинфицира за возот да го продолжи своето патување.

Во автобусите, пак, ќе има заштитна преграда меѓу патниците и возачите, а носењето маски останува задолжително.

Прикажи повеќе