Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта.

Министерството додаде дека сообраќајот во српската престолнина сега може да се одвива нормално. Тие тврдат дека полицијата дејствувала професионално. Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.

Едно полициско возило е оштетено од учесниците во блокадата.

Во Белград, Нови Сад, Ниш и многу градови низ Србија, патиштата беа блокирани на неколку локации. Студентите повикаа на граѓанска непослушност кога осум нивни колеги беа уапсени.

Вишото јавно обвинителство ги обвини осумте студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Текстот Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени е превземен од МАКФАКС.