Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово.

„При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја“, соопшти МВР.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е е превземен од МАКФАКС.