Германската десница користи вештачки генерирани клипови во својата изборна кампања за да ги засили носталгичните чувства и емоции кај гласачите, пишува Politico, наведувајќи го како пример видеото „Се сеќавате ли колку беше убава Германија порано“, споделено од кандидатката за канцеларка на екстремната десница Алис Вајдел.
Видеото, генерирано од вештачка интелигенција (АИ), прикажува момче со руса коса и сини очи, божиќни светла, русокоса жена како танцува, деца во училишен автобус се смеат, а како што пренесува бриселскиот портал, ваквата содржина ѝ помага на антиимигрантската, популистичка партија на Вајдел Алтернатива за Германија (AfD).
Пред изборите, кои ќе се одржат во Германија на 23 февруари, највисоките функционери на AfD објавуваат и споделуваат мноштво слики и видеа генерирани од вештачката интелигенција.
Неколку дена пред сојузните избори во Германија, Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) падна под прагот на поддршка од 30 отсто, додека Алтернатива за Германија (АфД) и Левица забележаа благ пораст на поддршката.
Текстот Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови е превземен од МАКФАКС.