Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за тајни плаќања на актерката од филмови за возрасни Сторми Дениелс непосредно пред претседателските избори во 2016 година, објави Си-ен-ен.

Advertisements

Детали од обвинението се уште не се објавени. Големата порота на Менхетен го обвини Трамп дека и платил 130 000 долари на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со него додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.

Доналд Трамп со ова стана првиот поранешен претседател на САД кој се соочил со кривични обвиненија, и покрај тоа што повторно се кандидираше за претседател.

Обвиненијата, кои произлегуваат од истрагата предводена од демократскиот окружен обвинител на Менхетн Алвин Брег, би можеле да ја променат претседателската трка во 2024 година.

Обвинението е за ненасилен злостор, па се очекува Трамп да биде пуштен да се брани од слобода без залог. Сепак, случајот е уникатен, бидејќи како експретседател, Трамп ќе дојде во придружба на тајната служба, па не се знае дали ќе му бидат ставени лисици.

Конкретните обвиненија се уште не се познати, а тоа најверојатно ќе биде објавено во наредните денови, пишува „Њујорк тајмс“. Тогаш Трамп ќе мора да отпатува во Менхетен за земање отпечатоци и друга обработка.

Трамп, веднаш по гласањето на обвинението против него излезе со изјава во која вели дека ова е политички прогон и „лов на вештерки“.