Ралф Рангник го презеде кормилото на Манчестер Јунајтед и првите тренинзи ги одработи со веќе постоечката постава тренери во клубот.
Освен Мајкл Керик, сите останати тренери останаа да му бидат помошници на Рангник во следниот период, но јасно е дека Германецот во клубот сака да донесе асистент кој ќе му биде десна рака и кој добро го познава.
Медиумите на Островот пренесуваат дека веќе бил направен избор и истиот паднал врз Герхард Штрубер, актуелниот тренер на Њу Јорк Ред Булс.
Штрубер има искуство од работење во Англија затоа што бил тренер на Барнсли, клуб кој го презел со седум поени негатива во битката за опстанок во Чемпионшип лигата, за на крај да успее да го зачува тимот во второто по ранг натпреварување во Англија.
44 годишниот Штреубер се познава со Рангник затоа што бил тренер на младинските категории на Ред Бул Салцбург, додека новиот стратег на Манчестер Јунајтед ја извршувал директорската фубкција во австрискиот клуб.