Познати се шест од осум четвртфиналисти на СП во ракомет во женска конкуренција. Со одигрувањето на натпреварите од второто коло од Главната рунда на Светското првенство во ракомет во женска конкуренција познати се шест од вкупно осум четвртфиналисти.
Првите две позиции во групата 1 ги освоија селекциите на Франција и Русија и во меѓусебното соочување в понеделник ќе решаваат која од овие две репрезентации ќе го освои првото место.
Франција со пресврт во второто полувреме ја совлада Србија со 22:19 додека Русинките немаа поголеми проблеми во дуелот против Црна Гора и забележаа победа од 31:25. Во последниот натпревар од оваа група Полска направи изненадување совладувајќи ја Словенија со 27:26.
Најнеизвесно е во групата 2 каде три репрезентации се во конкуренција за освојување на првите две места. Во дербито на вечерта Норвешка и Шведска освоија по бод откако мечот заврши без победник 30:30. Во првите две средби убедливи победи на Романија и Холандија. Романките без поголеми проблеми славеа над Порторико со 43:20 додека Холандија триумфираше над Казахстан со 61:15.
Актуелниот светски првак не успеа да го собори рекордот на Шведска од 2009 година кога на Мундијалот во Кина против Австралија постигна 66 погодоци,