Големо враќање на италијанските екипи и во Лига Европа. Само еден ден откако Италија дозна дека ќе има финалист во Лигата на шампионите по седум години, постојат реални шанси Серија А да има најмалку еден претставник и во финалето на Лига Европа.

Advertisements

Јувентус и Рома ги елиминираа Спортинг и Феенорд и ќе се борат за место во финалето против Севиља и Баер Леверкузен. Ако ги победат мајските полуфиналиња, екипите на Алегри и Мурињо ќе се сретнат за титулата во Унгарија.

Полуфинале:

Јувентус – Севиља

Рома – Баер Леверкузен

Полуфиналните натпревар се играат на 11 и 18 мај, а финалето, кое ќе се одржи во Будимпешта, е закажано за 31 мај на „Пушкаш Арена“.

///////////////////////////////////////////////////

По голема драма и еден натпревар во продолжение познати се полуфиналистите на Конференциската лига на УЕФА. Главните фаворити Вест Хем и Фиорентина се на чекор до финалето, а овие екипи заедно со Виљареал и подоцна Лацио беа фаворити за место во завршниот натпревар во јуни во Чешка.

Полуфинале:

Фиорентина – Базел

Вест Хем – АЗ Алкмар

Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 11 мај, а реваншите една недела подоцна. Интересно, слично полуфинале имавме и минатата година во премиерното издание на Конференциската лига. Рома, Лестер Сити, Феенорд и Олимпиј Марсеј играа во полуфиналето, па по еден италијански, англиски и холандски клуб има и оваа сезона.Базел спречи реприза, па оваа сезона француски тим нема да го гледаме во полуфиналетом бидејќи Ница беше елиминирана.  Финалето на Конференциската лига е закажано за седми јуни во Прага.