Тениската репрезентација на Русија е последниот патник во полуфиналето на овогодинашното издание на Дејвис купот, откако денеска во мечот во двојки парот Рубљов/Медведев славеше над шведскиот дубл со 2-0.
Во полуфиналето Русите ќе се сретнат со Германците, додека за вториот патник во финалето голема битка ќе водат тенисерите на Србија и Хрватска.