Ситуацијата во Грција и понатаму е сериозна откако десетици големи пожари и понатаму се активни, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Родос, една од најважните туристички области, се соочува со апокалиптична ситуација од пожари кои веќе се неконтролирани од противпожарните екипи, додека властите прогласија вонредна состојба. Во оваа област изгореа стотици куќи и хотели, при што 30.000 туристи беа принудени брзо да заминат. Грчкиот премиер Мицотакис изјави дека неговата земја се соочува со тешко лето со пожари.
„Островот е уништен од пожари. За жал поради силните ветрови мораме да се справиме со постојаните жаришта. За среќа, и покрај огромното ширење на пожарот, нема човечки жртви. Пред силата на природата, ниедна мерка никогаш нема да биде доволна, особено ова лето со немилосрдните интензивни топлотни бранови со високи температури и голема суша“, рече Мицотакис.
Со потешка ситуација се соочува и грчкиот остров Крф, каде властите евакуираа околу 2.500 луѓе. На гаснење на пожарот работат 62 пожарникари со 21 возило и три групи пешадиски единици, а од воздух работат два хеликоптери и два авиони. Екипите се борат со пожарот во делови од Грција околу една недела додека помош во персонал и опрема за гаснење пожар, вклучително и хеликоптери, пристигна од целиот свет. Околу 19.000 туристи беа евакуирани со автобуси и бродови во текот на викендот од рутата на пожарот, кој се прошири до неколку крајбрежни области .Помош за гаснење е испратена од Европската Унија, додека турските противпожарни авиони исто така се вклучија во напорите за гаснење на пожарите. Нема сериозно повредени а на турситите главно им се пружа помош поради дехидарција и последици од топлините.
Вјолца Алити