По повод Европскиот ден за ширење на свесноста за цистична фиброза денеска во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Вдиши за ЦФ“. Настанот, кој е во организација на Асоцијацијата за цистична фиброза, почнува од Средно Водно со искачување до врв со водич и лекарски тим.
Паркингот на Средно Водно ќе биде бесплатен тој ден, како и линиите на ЈСП Скопје кои доаѓаат до Средно Водно. Се што треба е да понесете со вас испечатен црно-бел примерок од поканата. За бесплатно користење на Жичницата, примерокот од поканата се остава во замена за бесплатна повратна карта, се вели во најавата за настанот од Асоцијацијата за цистична фиброза.
На настанот е превидено да има обраќања, а потоа ќе бидат доделени благодарници на спонзорите и медиумите. На крајот на настанот, ќе следи музичка програма со музичките бендови „Бени & Нон стоп“, „Terca & Iggy“, „The Hounds“, „The Dreamers“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.