Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Украина не е вмешана во терористичкиот напад на Крокус Сити Хол.
– Како прво, Украина се бори со руската армија повеќе од две години. И сè во оваа војна ќе се решава само на бојното поле. Само по количина на оружје и квалитетни воени одлуки. Терористичките напади не решаваат никакви проблеми, напиша Подољак на Х.
Ukraine certainly has nothing to do with the shooting/explosions in the Crocus City Hall (Moscow Region, Russia). It makes no sense whatsoever.
First of all, Ukraine has been fighting with the Russian army for more than two years. And everything in this war will be decided only…
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 22, 2024
Второ, додава тој, Украина никогаш не прибегнала кон употреба на терористички методи.
– И трето, долго пред настаните во Крокус Сити Хол слушнавме јавни предупредувања од странските амбасади стационирани во Москва за можноста од такви крвави ексцеси, наведува Подољак.
Во терористичкиот напад во Крокус загинаа 40 лица, повеќе од 100 се повредени, потврди Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион и изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Тој информира дека лекарите продолжуваат да им пружаат помош на сите настрадани.
J. Ѓ.