Вишото јавно обвинителство Смедерево поднесе обвинителен акт против Урош Б. за масовното убиство во селата Дубона и Мало Орашје на 4 мај, се вели во соопштението на тоа обвинителство од 18 октомври.
Како што се наведува во обвинението, Урош Б. убил девет лица, од кои двајца малолетни, во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубон кај Младеновац, пукајќи од автоматска пушка и пиштол. Тој се обидел да им ги одземе животите на уште 20 луѓе, од кои 12 ранил.
Во обвинението се вклучени и неговиот татко, вујко и братот на вујкото од Крагуевац. Обвинителството предлага максимална казна од по 20 години за Урош Б. и неговиот татко.
Урош Б. се товари дека сторил кривично дело тешко убиство, недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и неовластено користење туѓо возило.
„Истрагата утврдила и дека Урош Б во куќата во која живеел неовластено чувал поголемо количество оружје, делови за оружје и муниција“, стои на сајтот на обвинителството во Смедерево.