Подморница на американската морнарица вплови во заливот Гвантанамо, на Куба и руски бродови

Подморница на американската морнарица вплови во заливот Гвантанамо, еден ден откако флота руски воени бродови пристигна во Куба и треба да учествува на воени вежби на Карибите.

Американската јужна команда соопшти дека подморницата на нуклеарен погон УСС Хелена синоќа влегла во водите во близина на американската база на Куба, само еден ден откако руска фрегата, подморница на нуклеарен погон, танкер за нафта и спасувачки брод влегле во заливот Хавана по вежбите во Атлантскиот Океан.

Пристигнувањето на американската подморница е дел од „рутинската посета на пристаништето“ додека плови низ регионот што го покрива Јужната команда, соопшти командата, пренесува новинската агенција МИА.