Доколку сакате посна варијанта, одберете посна чоколада и посни бисквити.
Потребни состојки:
– 300 гр. бисквити
– 300 гр. путер од кикирики
– 200 гр. чоколада
Начин на подготовка:
Сомелете ги бисквитите, а потоа додајте го путерот од кикирики и измесете ја смесата со раце. Одвојувајте помали парчиња од смесата и формирајте правоаголници или топчиња, ако повеќе сакате.
Наредете ги во тава, покријте ги со пластична фолија и ставете ги во замрзнувач на 5 минути. За тоа време стопете ја чоколадата на пареа, па извалкајте ги бајадерите во неа. За да изгледаат поубаво, по валкањето наредете ги на решетка под која ќе поставите хартија за печење.
Ставете ги во фрижидер уште малку да се стегнат, од 5 до 10 минути, а потоа направете шари со преостанатата чоколада со помош на ќесичка на која ќе ѝ го исечете врвот.
По уште 10 минути во фрижидер, бајадерите се спремни за послужување.