Летната краткоденица (Сонцестој или солстициј) е еден од најважните денови во годината кога на календарот започнува летото, а на тој ден Сонцето ја има најмоќната енергија!
За неколку дена, поточно на 21 јуни, ќе се случи важен астрономски и астролошки настан. Летната краткоденица е денот кога започнува летото на северната хемисфера. Тој ден е најдолгиот ден во целата година, а Сонцето ја има најмоќната енергија. Во астролошка смисла, овој ден е исклучително поволен, бидејќи енергијата на Сонцето на својот врв, зрачи само со креативната светлина што нашите тела ја апсорбираат и акумулираат.
Еве што ни носи и како максимално да го искористиме!
На тој ден, 21 јуни, ќе биде совршено време да се откажете од лошите навики, бидејќи ќе стекнете моќна енергија која ќе ви даде сила за нови почетоци. За да го направите тоа, потребно е да бидете искрени со себе, да се ослободите од негативните мисли, старите заблуди, да ја прифатите промената како единствен начин да се движите напред.
Застанете и преиспитајте го вашиот живот, вашите цели, вашите желби… Што е тоа што ве прави среќни и што ве оптоварува? Ослободете се од лошото, без разлика дали се работи за грижи за работи што не можете да ги промените, негативни луѓе, работа што ви ја троши енергијата… Но, не размислувајте само за нив, туку ставете ги на дело откако ќе ги анализирате и направите план за промена. Во спротивно, желбите ќе останат само мртва буква во воздухот. Енергијата на солстициумот ќе ви помогне да го препознаете вашиот пат и цврсто да го следите. Искористете ја оваа можност!
Ова е идеален момент за тоа, бидејќи енергијата на летната краткоденица не поттикнува да ја отвориме вратата кон новото, да го препознаеме и реализираме нашиот целосен потенцијал. Размислете за вашата мисија, како можете да бидете подобри за себе, за луѓето околу вас, што можете да направите за доброто на сите, вашата заедница, целата планета? Во што сте добри, а што можете подобро?
На денот на солстициумот, многу луѓе чувствуваат силен наплив на енергија. Сакаат да прават нови работи, да се менуваат, да создаваат… Најдете повеќе радост во животот. Следете ја. Размислете за што сте благодарни во животот и што ве прави среќни. Одете по патот по кој оди вашето срце и работите ќе дојдат сами по себе. Прегрнете го животот!