Земјите од Пацификот се меѓу првите кои влегуваат во новата година и подготвија огномет и собири на отворено, пишува денеска германската агенција dpa.
Како прв голем меѓународен центар кој ќе ја дочека Новата година, знаменитостите во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, ќе бидат осветлени напладне или на полноќ по локално време.
За оваа пригода се подготвени седум песни кои ќе бидат синхронизирани со светла, ласери и огномет. Околу 500 килограми пиротехника ќе бидат лансирани од Sky Tower, највисоката кула на јужната хемисфера, која ќе приреди пет и пол минути огномет.
Планирањето започна пред шест месеци, а за извршување беа потребни 14 километри електрични кабли и 1.500 линии компјутерски код. На пристанишниот мост, 90.000 светла што ја менуваат бојата ќе се изгаснат пред да пулсираат во последните 10 секунди од оваа година.
Главниот град Велингтон, исто така, ќе биде домаќин на огномет и музика во лагуната во центарот на градот.
Австралискиот град Сиднеј, кој е два часа зад Нов Зеланд, потоа ќе се најде во центарот на вниманието со прослава во пристаништето. Повеќе од милион луѓе се очекува да гледаат над девет тони огномет на ноќното небо.
Други големи австралиски градови, вклучувајќи ги Мелбурн, Бризбејн и Аделаида, исто така подготвија огномет за полноќ.
Киритимати, најголемиот остров на државата Кирибати, каде живеат околу 5.000 луѓе, е првиот населен остров кој влегува во новата година, но таму не се планирани поголеми настани.
Американска Самоа последна влегува во новата година.
Текстот Подготвен огнометот во земјите од Пацификот кои први влегуваат во 2025 година е превземен од МАКФАКС.