Украинката Елина Свитолина повторно е во центарот на вниманието на тениската јавност, но овој пат не поради скандалите кои ја следат поради одбивањето да се поздрави со противничките од Русија и Белорусија, туку поради подарувањето билети за концерт бидејќи неочекувано врзала три победи на Вимблдон.
Таа не очекувала добар настап во Лондон, поради што одамна си купила влезници за да го проследи Хари Стајлс во Виена, но сега е приморана да ги даде на некој друг бидејќи има обврски на терените на „Ол Ингланд клубот“. Свитолина со победите над Венус Вилијамс (2-0), Ерика Мертенс (2-1) и Софија Кенин (2-0), обезбеди пласман во осминафиналето каде денеска ќе ги одмери силите против Викторија Азаренка.
„Требаше да одам на концерт во Виена на мојот омилен пејач, но Вимблдон ми ги промени плановите. Дали некој сака да оди, имам две влезници“, напиша Свитолина на Инстаграм.
Таа веднаш доби голем број на барања, а една навивачка имаше интересно барање „ќе одам јас на концерт, ама само ако и твојот сопруг оди со мене“.
Свитолина е во брак со поранешниот францускиот тенисер Гаел Монфилс, со кого добија дете лани во октомври./Sport1/