Оле Гунар Солскjер по скоро три години повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. Веста во неделата на своите официјални страници ја објави англискиот великан.
Роналдо од Солскјер се прости преку Инстраграм.
– Тој беше мој напаѓач кога првпат дојдов на „Олд Трафорд“ и мој тренер откако се вратив во Манчестер Јунајтед. Но, пред се, Оле е извонредно човечко суштество. Му посакувам се најдобро во се што му резервирал неговиот живот. Со среќа пријателе.Ти го заслужуваш тоа, се вели во објавата на Роналдо со две фотографии.
Едната е направена неодамна, а другата е од нивните заеднички играчки денови.
Солскјер вчера по отказот изјави:
– Многу сум горд на се, го остварив сонот. Уживав од првата до последната минута. Благодарност и до управата на тоа што ми даде прилика, благодарам и на играчите и навивачите што ме поддржуваа. Ќе доаѓам и понатаму на стадион да гледам натпревари. Овие момци имаат голем потенцијал, знам дека ќе поминат преку ова и ќе зачекорат напред, заклучи тој.