Авиокомпаниите рано утрово го евакуираа воздушниот простор над Израел, Иран и Ирак откако Израел започна напади врз цели во Иран, покажаа податоците на Flightradar24, додека превозниците брзаа да ги пренасочат и откажат летовите за да ги заштитат патниците и екипажот.

Ширењето на конфликтите низ целиот свет станува сè поголем товар за работењето и профитабилноста на авиокомпаниите, како и сè поголема безбедносна закана.

Израел соопшти дека ги таргетирал иранските нуклеарни постројки, фабриките за балистички ракети и воените команданти на почетокот на она што предупреди дека ќе биде долгорочна операција за спречување на Техеран да произведува атомско оружје.

Аеродромот Бен Гурион во Тел Авив беше затворен до понатамошно известување, а израелските единици за воздушна одбрана беа во состојба на висока готовност за можна одмазда од Иран. Израелскиот авиопревозник „Ел Ал ерлајнс“ соопшти дека ги прекинал летовите до и од Израел.

Иранскиот воздушен простор беше затворен до понатамошно известување, објавија иранските државни медиуми. Ирак го затвори својот воздушен простор и го прекина целиот сообраќај на своите аеродроми рано утрово, објавија ирачките државни медиуми.

Текстот Погледнете како изгледа воздушниот простор над Иран и Ирак во моментов е превземен од МАКФАКС.