Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба нема да го продолжи договорот со премиерлигашот Манчестер јунајтед, јавија денеска британските медиуми, посочувајќи оти сè е подготвено за негово второ заминување од „Олд Трафорд“.
Погба (28) беше дел од Јунајтед во младинските и сениорските категории од 2009 до 2012 година, по што замина за Јувентус, а во 2016 повторно се на „Олд Трафорд“ во трансфер вреден 105 милиони фунти.
Договорот со Јунјатед му истекува на крајот од оваа сезона, кога Погба без обесштетување може да ги замени клупските бои.
Според медиумите, францускиот репрезентативец е најблиску до враќање во Јувентус, но и трансфер во мадридски Реал е сериозна опција.