Францускиот фудбалер Пол Погба изјави дека не е измамник и дека никогаш намерно не би земал забранета супстанца и дека размислувал да ја заврши кариерата откако доби четиригодишна суспензија поради допинг. Пред две недели суспензијата на Погба мму беше намалена на 18 месеци, што значи дека тој од март наредната година ќе може да му се врати на фудбалот.
– Ја прифаќам одговорноста за земање на суплементот, но не направив тројна проверка, иако тоа го добив од професионалец. Ако треба да бидам казнет, прифаќам. Но, тоа не требаше да биде четири години. Ќе прифатам 12 месеци – изјави Погба за “Скај Спортс“.
Тврди дека луѓето не верувале кога се појави информацијата во јавноста дека користел допинг.
– Дури и кога сето тоа се случи, луѓето велеа: „Го познаваме Пол, тој никогаш не би го користел допинг. Доколку зем недозволена суспатнца тоа било од незнаење, а не намерно. Тоа е целосната вистина. Јас сум искрен, би рекол. Јас сум лош губитник но не сум измамник, јас сум некој што го сака мојот спорт. Го сакам фудбалот и никогаш, ама никогаш не би го направил тоа. Сакам да победувам праведно и луѓето го знаат тоа – рече тој.
Погба беше суспендиран на четири години во февруари, откако во септември минатата година беше објавено дека паднал на допинг тест откако бил позитивен на тестостерон.
Судот за спортска арбитража (CAS) претходно овој месец ја намали суспензијата на 18 месеци, што значи дека Погба може да се врати на фудбалот во март следната година.
Запрашан од ЕСПН дали мисли дека некогаш повторно ќе игра фудбал по неговата четиригодишна забрана, Погба рече: „Да, многу работи ми поминуваа низ мислите, дури и размислував да престанам да играм“.
– Си помислив: Што ќе правам? Се работи за четири години, почнуваш да броиш… Четири години без играње, тренинг, кој клуб ќе ме сака? Дали ќе бидам спремен и такви работи, направи многу слики во главата. Но, од друга страна, имав верба. Знаев дека не згрешив ништо намерно, па за среќа се случи да ја намалат казната – изјави 31-годишниот француски фудбалер.
Последниот професионален натпревар го одигра на 3 септември минатата година против Емполи, пред да бидат објавени вестите за резултатите од тестот.
Тој се уште е член на Јувентус, а раководството на клубот преговара со претставниците на францускиот фудбалер за евентуален раскин на договорот.
Погба изјави дека е свесен дека ќе мора повторно да се докажува за да го заработи повикот на селекторот Дидие Дешамп во француската репрезентација.
– Добро е кога имаш тренер со кој имаш добри односи надвор од фудбалот. Тоа е навистина ретко, благодарен сум за тоа и ја ценам нашата врска. Мора да ги почитуваме играчите кои се таму, а јас мора да тренирам и да заработам место, бидејќи тие заслужуваат да бидат на таа позиција и да играат за репрезентацијата – изјави Пол и додаде:
Погба играше за Јувентус и Манчестер јунајтед во по два мандати, за француската репрезентација дебитираше во 2013 година, одигра 91 натпревар, постигна 11 голови и го освои Светското првенство во 2018 година.
Текстот Погба: Не сум измамник, размислував да ја завршам кариерата е превземен од МАКФАКС.