Илјадници Израелци синоќа, 15. сабота по ред, протестираа поради реформата на правосудниот систем и покрај одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху привремено да ја суспендира имплементацијата.
Околу 115.000 луѓе протестираа во Тел Авив, а помали демонстрации се одржаа и во другите израелски градови.
Во Тел Авив се притворени седум лица поради што го блокирале автопатот. Демонстрантите од автопатот беа растерани од полицајци на коњи, а беа употребени и водени топови.
Со реформата е предвидено владејачката партија може да назначува судии, а Кнесетот ќе може да поништува одлуки на Врховниот суд. Противниците тврдат дека реформата е со цел да се заштити Нетанјаху, кому му се суди за корупција.