Браќата Маркез доминираа на трката за Големата награда на Аргентина. Како и на отворањето на сезоната, победи Марк, а Алекс беше втор. На најниското скалило на пиедесталот се искачи возачот на ВР46 тимот, Франко Морбидели.

Осумкратниот светски шампион, Марк Маркез сега возач на Дукати, ја забележа својата 90-та победа во кариерата на патеката, со што на вечната листа се израмни со сонародникот Анхел Нието. Пред нив се само Џакомо Агостини со 122 триумфи и Валентино Роси со 115 победи.

За разлика од трката во Бурирам, постариот Маркез не возеше без грешка, но демонстрираше сила. Возачот на Дукати го презеде водството пред неговиот помлад брат и Бањаја, кој беше предизвикан од Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.

Сепак Шпанците бргу успеаја да се одлепат од конкурентите, а во четвртиот круг помладиот Алекс (Гресини Дукати) ја презеде првата позиција од постариот брат.

Осумкратниот светски шампион постојано бараше начин да го претекне својот брат, во еден момент дури и заврши надвор од седиштето, за да го започне својот прв вистински напад во 18-от круг. Алекс веднаш возврати, обидувајќи се да ги спречи следните обиди на неговиот постар брат, но на пет круга до крајот, тој не можеше да се одбрани.

Морбидели беше три секунди зад Алекс, негов прв пласман на подиумот од трката во Херез во 2021 година, следен од Багнаја, тимскиот колега Фабио ди Џанантонио, Зарко и Бред Биндер од КТМ Рејсинг. Аи Огура од Трекхаус беше осми, откако стартуваше од 15. позиција, а во топ 10 се најдоа и Педро Акоста и Џоан Мир.

Постариот Маркез има максимални 74 бода на врвот во генералниот пласман, помладиот Маркез е втор со 58, а ги следи Бањаја со 43.

Мото ГП шампионатот продолжува со Големата награда на Америка во Остин од 28-30 март.

Текстот Повторно еден-два за браќата Маркез – Марк победи пред Алекс во Аргентина е превземен од МАКФАКС.