Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се повреди на средбата со Исланд во мундијалските квалификации, беше заменет во 63 минута откако се пожали на повреда на рамото.
Чурлинов направи испитувања преку клупските лекари во Шалке, констатирано е напукнување на тетива на рамото поради која ќе мора да биде надвор од тренажен процес две недели.
На македонскиот репрезентативец му е одредена посебна терапија и се очекува санирање на повредата за максимум 14 дена.