Повеќе од 850 познати личности, меѓу кои водечки експерти за вештачка интелигенција, технолошки пионери и јавни фигури, во средата ја потпишаа изјавата со која се повикува на запирање на развојот на таканаречената „суперинтелигенција“ — форма на вештачка интелигенција што би ги надминала човечките способности во повеќето когнитивни задачи.
Изјавата ја потпишале основачот на „Вирџин груп“ Ричард Бренсон, коосновачот на „Епл“ Стив Возниак, како и научниците Јошуа Бенџио и Џеф Хинтон, познати како татковци на современата ВИ“. Меѓу потписниците е и Стјуарт Расел од Универзитетот Беркли.
Во документот се наведува дека развојот на вакви системи носи сериозни ризици од губење на слободата, достоинството и контролата, до закана за националната безбедност и можно исчезнување на човечкиот род.
Потписниците бараат мораториум на развојот на суперинтелигентни системи, сè додека не се постигне широк општествен консензус и научен договор за нивната безбедност и контрола, пренесе „Си-ен-би-си“.
Покрај технолошките и академските имиња, потписници има и од други области – универзитетски професори, верски лидери, медиумски личности и поранешни американски функционери од двете политички партии.
На списокот се најдоа и поранешниот началник на Генералштабот на американската армија Мајк Мален, поранешната советничка за национална безбедност Сузан Рајс, како и Стив Бенон и Глен Бек, блиски сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп.
Интересно, меѓу потписниците се и принц Хари и Меган Маркл, што ѝ даде на иницијативата дополнителна глобална видливост. Организаторите наведуваат дека бројот на потписници и натаму расте.
Текстот Повеќе од 850 експерти и јавни личности бараат запирање на развојот на вештачката интелигенција е превземен од МАКФАКС.