Побарани се 17 милиони билети за Светското првенство во фудбал во Катар за време на првиот циклус на продажба на билетите, соопшти ФИФА. Во продажба ќе бидат пуштени нешто повеќе од два милиона билети за првото Светско првенство што ќе се одржи во една арапска земја.
„Народот на Катар сочинува најголем дел од овој вкупен број, постигнат за само 20 дена. Голем број барања пристигнаа од други клучни упоришта на светскиот фудбал, вклучувајќи ги Англија, Саудиска Арабија, Аргентина, Бразил, Обединетите Арапски Емирати, САД, Франција, Индија и Мексико“, се вели во соопштението на ФИФА.