По поддршката од САД, Германија, Норвешка и Италија, списокот на земји кои ја поддржуваат Украина со воена и прехранбена опрема постојано се зголемува. На листата се додадоа и Чешка, Грција и Израел.
Чешката Република објави дека пуштила воз кој превезува големо количество оружје и муниција во Украина за да и помогне против руската окупација. Чешкото Министерство за одбрана соопшти дека испраќа оружје во вредност од 8,6 милиони долари. Ова е втора чешка испорака за Украина, откако првично испрати 4.000 парчиња артилериски гранати, во вредност од 1,7 милиони долари.
Грција ќе испрати и воена помош за Украина. Ова го соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој наредил Министерството за одбрана итно да лансира два авиони Ц-130 со заштитни материјали за украинската армија во Полска. Според информациите, ќе бидат испратени автоматско оружје Ак47 (калашникови), големо количество муниција, како и опрема за интерконекција, против тенкови и фрлачи на гранати. Грчката воена помош треба да пристигне во Полска во понеделник наутро, од каде безбедно ќе биде доставена до украинската страна. Покрај оружје, во Украина ќе биде испратена и медицинска опрема, лекови и логистичка помош.
Израел испрати во Украина 100 тони помош, медицинска и станбена помош. Ова го соопшти премиерот Нафтали Бенет на неделната средба со неговиот кабинет.
„Во следните два дена, авион со 100 тони израелска хуманитарна опрема ќе пристигне во Украина со помош на цивилите кои се и на бојното поле и оние кои се обидуваат да заминат. Хигиенска опрема, медицинска опрема и лекови, како и шатори, ќебиња и друга опрема која може да им помогне на граѓаните кои се далеку од дома на студено зимско време, рече Нафтали Бенет, премиер на Израел
Досега, десетици земји од ЕУ и пошироко започнаа воена, медицинска и прехранбена помош за да и помогнат на Украина да се справи со руската агресија. /Алсат.мк
Мефаил Исмаили