Повеќе западни земји воведоа санкции кон Русија, по потезите на Соединетите држави, Европската Унија и Британија да ја казнат Москва за нејзините постапки во Украина, додека светот го очекува следниот потег на претседателот Владимир Путин во тензичниот регион. Австралија на 23 февруари соопшти дека ќе се усогласи со Соединетите држави и Британија со таргетирање на две руски банки и воведување забрана за патување на осум членови на путиновиот Совет за безбедност. Премиерот Скот Морисон – како и лидерите во Соединетите држави и Британија – рече дека санкциите се првата група од арсеналот потенцијални санкции што Австралија може да ги икористи против Русија.