Македонскиот ракометен претставник во СЕХА лигата, Еурофарм Пелистер имаше победнички старт на новата сезона откако со 25-23 го победи Партизан на негов терен.
Партизан имаше водство само во воведниот дел од мечот, потоа Еурофарм Пелистер ја почна својата доминација. Битолскиот тим во текот на првото полувреме на двапати имаше предност и од пет разлика, на одморот заминаа со водство од 13-10.
Во вториот дел Еурофарм Пелистер повторно дојде до највисоките пет разлика, но следуваше пад, серија на Партизан со која дојдоа до израмнување 19-19. Откако стана алармантно, Битолчани повторно додадоа гас и го вратија водството, на крајот победија со 25-23.
Најдобар во составот на Пелистер беше Мараш со седум голови, кај Партизан најефикасни беа Зечевиќ и Максиќ со по пет погодоци.