Без голови попладнево на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје заврши воведниот натпревар од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Работнички и Ренова.
Со нерешениот исход фудбалерите на Работнички ја прекинаа серијата од три последователни прволигашки порази и останаа осмопласирани на табелата со 19 бодови, седум помалку од Ренова на четвртото место.
Преостанатите пет натпревари во рамки на 16. коло во ПМФЛ се на програмата утре со почеток во 13 часот, а се среќаваат: Академија Пандев – Брегалница, Борец – Македонија ЃП, Скопје – Шкупи, Шкендија – Пелистер и Струга – Тиквеш.
Табела: Шкупи 35, Академија Пандев 31, Шкендија 27, Ренова 26 (+1), Брегалница 25, Струга 22, Македонија ЃП 20, Работнички 19 (+1), Скопје 17, Тиквеш 13, Борец 8, Пелистер 5.