Плимут се раздели со менаџерот Вејн Руни (39) со заедничка согласност по низата лоши резултати на последнопласираниот тим на табелата во Чемпионшип.

Во седумте месеци од мандатот на Руни, тимот од јужниот брег на Англија претрпе 13 порази во 23 кола, во вториот ранг на англискиот фудбал.

Последниот неуспех во серијата беше поразот на гости кај Оксфорд минатата сабота, кога навивачите го исвиркаа него и неговите играчи.

„Плимут засекогаш ќе остане во моето срце и ќе продолжам со внимание да ги следам нивните резултати“, изјави Руни по разделбата со клубот, во која и се заблагодари на целата управа, навивачите и играчите.

Руни професионалната кариера како фудбалер ја започна во Евертон во 2002 година, клуб од родниот град, а набрзо стана икона на „црвените ѓаволи“, каде што пристигна во 2004 година. Таму остана до 2017 година, една сезона, пред да се пресели во САД, во Ди-си Јунајтед, одигра во Евертон.

Потоа се преселил во Дерби Каунти, каде што беше играч и тренер во неговата проштална сезона.

Неговата тренерска кариера не е ни приближно успешна како неговата фудбалска кариера.

По уште една година во Дерби, тој беше тренер на Ди-си јунајтед, а неговиот мандат во Бирмингем траеше само 83 дена.

Руни доби отказ од Плимут на последниот ден од 2024 година, а натпреварот Плимут – Бристол Сити е закажан за 1 јануари.

Текстот Плимут го отпушти Вејн Руни е превземен од МАКФАКС.