Сара Блејк Чик, поранешна Плејбој зајачица и модел на платформата „Онли фанс“, ја обвини авиокомпанијата „Американ Ерлајнс“ за дискриминација поради нејзиното тело и изборот на облека.

Инцидентот се случил минатата недела во Атланта, непосредно пред качување во авион, кога, како што тврди, стјуардеса ѝ се заканила дека мора да ја закопча кошулата или нема да ѝ биде дозволен влез во авионот.

Сара била облечена во црн топ под откопчана жолта кошула, а комбинацијата ја надополнила со фармерки, високи чорапи и патики. Своето незадоволство го изразила на социјалната мрежа „Икс“, каде што објавила и фотографија од комбинацијата.

„Не знаев дека ‘Американ Ерлајнс’ има правила за облекување што велат дека не можете да носите спортска облека ако имате големи гради“, напиша таа.

Чик појаснила дека расправијата се случила по напорен ден исполнет со откажани летови и доцнења. Таа тврди дека стјуардесата пришла само кај неа, иако и други патнички носеле слична облека.

„Сега стјуардесата ми вели да ја закопчам кошулата, но не и на другите жени кои носат иста облека, само во друга боја од мојата“, истакна таа.

„Американ Ерлајнс“ се извини

Откако нејзината објава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, „Американ Ерлајнс“ упати извинување.

„Негуваме длабока култура на почит кон нашите клиенти и членови на тимот и жалиме за сè што е помалку од доследна и пријателска услуга. Ова искуство ќе го споделиме со раководството на екипажот интерно“, порачаа од компанијата.

Исто така, ја поканија манекенката да им достави свои контакт податоци за да може подетално да го истражат нејзиниот случај, што упатува на можен поврат на пари.

Проблематични правила за облекување

Ова не е првпат „Американ Ерлајнс“ да се соочи со обвинувања поради својот кодекс на облекување, кој критичарите го сметаат за нејасен и дискриминаторски.

Правилата наложуваат патниците да бидат соодветно облечени, но дефиницијата за соодветно останува отворена за интерпретација. Во 2022 година, поранешната Мис Универзум, Оливија Калпо била замолена да се покрие бидејќи носела спортски топ, иако подоцна забележала друга жена во речиси идентична облека на која никој не ѝ преговорил.

Слично искуство имале и комичарките Крис Мејр и Киану Томпсон една година подоцна, кога наводно биле присилени јавно да се пресоблекуваат пред лет.

Освен контроверзиите поврзани со облеката, нејасните интерни политики го довеле American Airlines и до федерална тужба. Во јануари 2024 година осум црни патници биле исфрлени од лет од Феникс за Њујорк откако стјуардеса наводно се пожалила на „телесен мирис“.

 

Текстот Плејбој зајачица тврди дека била дискриминирана во авион оти има големи гради е превземен од МАКФАКС.