
Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во тек се прелиминарни разговори со десничарското „Татковинско движење“ за формирање парламентарно мнозинство и рече дека тој ќе формира нова влада, а не опозицијата предводена од Социјалдемократската партија (СДП).
Тој оцени дека СДП е губитник на изборите, а нивниот кандидат за премиер, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е прекршител на уставот.
– Им гарантирам дека нема да стигнат до 76 пратеници (парламентарно мнозинство), изјави Пленковиќ по состанокот на раководството на партијата во Загреб.