Вчера во ОВР Кичево е пријавено дека В.М.(41) од Кичево при планинарење на планината Бистра, паднал во тешко пристапен терен над селото Лавчани.
На повредениот, прва помош му пружиле жители на истото село кои со коњ го пренеле до селото Лавчани, од каде бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Текстот Планинар паднал на тешко пристапен терен на Бистра е превземен од МАКФАКС.