Најден е починат планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа исчезна на ридот ГРООТ.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше за смртта на планинарот, но засега нема информации за причините кои довеле до тоа.

„Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели. Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР“, рече Ангелов.

Текстот Планинарот кој исчезна кај Велес е најден починат е превземен од МАКФАКС.