Двајца планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата помеѓу Македонија и Косово.
Според информациите на МВР, вчера во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Македонија и Република Косово се изгубиле две лица- државјани на Германија и Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.
Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Текстот Планинари од Германија и од Холандија се изгубиле на границата со Косово е превземен од МАКФАКС.