Германскиот министер за одбрана Борис Писториус сака да склучи договор за набавка на 2,35 милиони парчиња артилериска муниција во вредност до 15 милијарди евра, јавија германските медиуми повикувајќи се на извор.
Министерството за финансии ги испратило своите планови до парламентарната комисија за буџет на одобрување, рече изворот, додавајќи дека предлозите ќе имаат првична нарачка од 1,3 милијарди евра за 200.000 домашно произведени куршуми.
Под услов да добие одобрение, Германија би можела да преговара за рамковен договор со Diehl Defense и Nammo Raufos, објави Шпигел каде првично беа објавени плановите